Футуристички дизајн
Првата скица на ентериерот. Совршената симетрија помеѓу контролната табла и уредите е запазена и во реалниот автомобил.
Потчинет на ергономијата
И покрај модернистичкиот изглед, уредите за управување се удобно сместени и лесни за користење.
Вселенско летало
Луксузниот шатл Родиус е инспириран од машините на иднината. Неговите авангардни форми потсетуваат на вселенско летало, проодноста на лунарно возило, а по комфорт соперничи на меѓузвезден брод. Концептот на новиот транспортер, вплотен во Родиус, ја сублимира функционалноста на семеен ван со бизнис атрибути и слобода на полнокрвен SUV.
Родиус е автомобил од класата на супер-MPV (Multy Purpose Vehicle), но и покрај тоа нема аналог во автомобилскиот свет. Роден од теренец и лимузина, тој импонира со големината на Чермен, врз чија платформа е изграден, агрегат и подвозје од Рекстон, исклучителна модуларност и дополнителна опрема од највисока класа. Со уникатниот нео-фјужн стил и премиум опрема, Родиус ја надминува представата за еден ван. Затоа е наречен extraVANganza.