Ratola Corporation

Дигитален мултиметар


Rodius multimeter

Компасот на современиот патешественик е дигитален. Освен насоките на светот овој мал уред покажува уште и надморска височина и атмосверски притисок.


Инфо дисплеј


warning ramp

Поставен токму пред погледот на возачот, дисплејот дава информација за моментната состојба на сите системи и прикажува предупредувачки сигнали доколку е потребно.


Климатроник


Rodius climatronic with AQS

Двозонскиот климатроник овозможува избор на температура со точност до половина степен и има вграден AQS систем за контрола на квалитетот на воздухот.


Панорамски сончев кров


Rodius sunroof

Високиот таван на Родиус дава неспоредлив простор и светлина во кабината, а огромниот сончев кров го засилува чувството на луксуз. Двете варијанти за отварање ги активира удобен прекинувач поставен на таванот.


Аудио команди на воланот


Rodius audio control from the steering wheel

Благодарение на нив возачот може да управува со аудио системот без да одвои поглед од патот и раце од воланот. Тоа значи комфорт, расположение и зголемена сигурност.


Место за секој предмет


Во кабината на Родиус има точно место за се што ви е потребно на пат:


Sunglasses holder

Очила...


Door trim box

...мапи, шишиња...


CD case

...CD-а со музика и филм...


console

...разни крупни предмети...


Rodius multipurpose tray

...разни ситни предмети...


Rodius power outlets

...многу електрични контакти...


Sunglasses holder

...пијалаци, пепелници...


Rodius flower

...и едно мало цвеќе за добро расположение.


largerresetsmaller

Мојот прекрасен свет

За да откриеш совршена хармонија заслужува да отидеш до крајот на светот. Со Родиус самото патување е хармонија, независно од поводот или дестинацијата. Еднакво удобен за работа и задоволство, овој навистина мултифункционален ван успешно ја исполнува улогата на канцеларија, патнички шатл, сала за бриџ па дури и спална соба.


Rodius interior


Со надворешни размери 5125/1915/1820 мм Родиус нуди огромен внатрешен простор за патниците и разни можности за негово искористување. Седумте седишта можат да се постават во секакви позиции, а комфорот се надополнува со многуте додатоци како што се подлактници со држачи за чаши, осветлување на штитниците од сонце, кутии, џебови и масички на свиткување. Предноста на 4х4 трансмисијата ќе биде ценета од љубителите на прекрасната природа до која ретко водат гладки и одржувани патишта.


Варијанти на седиштата


Rodius seats


Просторната внатрешност на Родиус овозможува неверојатана модуларност, благодарение на системите за преконфигурирање на седиштата. Тие можат да се поместуваат напред и назад со голема амплитуда, да се вртат, де се склопат или спуштат.


Rodius seat variations

Класичната варијанта со седишта свртени во насока на движењето овозможува комфортно патување на 7 души.

Rodius seat variations

Завртениот со грб во насока на движењето втор ред седишта дава одлична можност за игри, разговори и забава.

Rodius seat variations

Склопените седишта од вториот ред може да се искористат како маси за јадење или за игри. Во нив дури има и вградени држачи за чаши и ситни предмети.

Rodius seat variations

Спуштените наслони на вториот ред седишта овозможуваат на двајца патници да патуваат полулегнати.

Rodius seat variations

Спуштениот трет ред го зголемува товарното пространство при транспорт на пообемни товари.

Rodius seat variations

Спуштањето до хоризонтална положба на вториот и третиот ред на седишта го трансформира Родиус во спална за двајца возрасни.

Rodius seat variations

Склопените седишта во третиот го зголемуваат обемот товарниот простор.

Rodius seat variations

Кога има потреба од максимално товарно пространство, третиод ред седишта може потполно да се отстрани.


Палета на бои ентериер


Ентериерот на Родиус се предлага во две класични стилски варианти - комбинација од сиво и метал или светло беж салон со апликации од светол фурнир. Тапацирот може да биде од кожа или текстил. Кај верзиите со кожен салон предниот ред седишта може да се порача со вградени греачи -еден многу пријатен елемент во студените зимски денови.


Сив ентериер


Rodius grey seats


grey leather interior

Сива делукс кожа

grey woven interior

Сив текстил



Беж ентериер


Rodius beige seats


beige leather interior

Беж делукс кожа

beige woven interior

Беж текстил