Ratola Corporation

Перманентен погон Power AWD

Миниваните со погон на четири тркала се поле за експонирање на премиум произведувачите. Во оваа престижна класа се представи достојно Rodius PowerAWD.


AWD

Системот AWD го распределува вртежниот момент помеѓу предната и задната оска во однос 40:60. Тој работи во тандем со 4-каналната електронска стабилизирачка програма (ESP) која што постојано ја следи промената на состојбата на патот и однесувањето на возилото. Во случај на ризична ситуација, ESP системот автоматски ке превземе контрола врз вртежниот момент и силата на сопирање за да се спречи инцидент.


AWD

Кога ке одберете за вашиот Родиус перманентен погон 4х4, заедно со него добивате и електронски регулирани носачи на моторот, кои ги елиминираат и последните остатоци од шум и вибрации.


Transmission

За пријатното возење на Родиус пред се има заслуга високо софистицираната Т-троник трансмисија, произведена од Mercedes-Benz. Таа има 5 степени за движење нанапред и 2 степени за движење наназад, компјутерски контролирана за оптимално подесување на точките на промена за максимална удобност и намалена потрошувачка на гориво. Т-троник трансмисијата на Родиус вклучува и зимски режим (Winter mode) на управување, кој овозможува поаѓање напред или назад директно од втор степен на пренос. Така се избегнува опасноста од пролизгување по снежни или заледени површини. При потреба од поголема моќ, Т-троник трансмисијата дозволува префрлување во мануелен режим на управување.


Родиус се предлага и со класична 5-степена механичка трансмисија со двоен замаец.

largerresetsmaller

Роден од SUV и лимузина

Со мотор и трансмисија од теренецот Рекстон и комфортна суспензија наследена од Чермен, Родиус е вистинска високопроодна лимузина со седум места.


Rodius 2.7 CDI engine


Мотор 2.7 XDI/CDI (дизел)


2.7 CDI engine graph

Тип: 5- цилиндричен реден

Хардвер: Mercedes-Benz

Софтвер: Delphi

Вбризгување: директно, 1600 бари, 3G Common-Rail


Моќност: 161 к.с (119 kW)

Максимален вртежен момент: 340 Nм/1800-3250 врт./мин.



Родиус се гордее со еден од најсилните мотори во класата на моноволуменски автомобили. Благодарение на модерната Common-rail технологија од трета генерација, максималната моќност и вртежниот момент располагаат со широк вртежен дијапазон.


Комфортна суспензија


suspension

Превземена од лимузината Чермен предна суспензија на Родиус е со спирални пружини и двојни триаголни носачи. Тоа овозможува максимален контакт со подлогата, ограничувајки го страничното клатење.
Сложната многурамена задна суспензија ги абсорбира ударите од нерамнините на патот. Резултат на оваа комбинација е исклучителнто комфортно возење, за кое придонесува и долгото меѓуоскино растојание.



Систем за сопирање


ventilateddisc

Како што му прилега на еден моќен автомобил, Родиус е опремен со вентилирачки дискови за кочење на сите четри тркала. На лизгав терен 4-каналниот 4-сензорен антиблок систем (ABS) го спречува бокирањето на тркалата при нагло запирање и така го задржува автомобилот во саканата тректорија. За потполна контрола врз упавувањето ABS користи и сопирачки асистент (BAS).


Aктивната заштита против превртување (ARP) го ограничува автоматски осцилирањето на кабината преку контролата на сопирањето. Овој систем не е вклучен во основната верзија и доаѓа само во комбинација со електронска стабилизирачка програма (ESP).